Сосема поразлична од сестрите со облини: Кендал Џенер воодушеви во минијатурно бикини

Сосема поразлична од сестрите со облини: Кендал Џенер воодушеви во минијатурно бикини

Објавена во: Мода // Moj стил

Американската манекенка Кендал Џенер (26) реши да ги почести своите обожаватели со нова провокативна фотографија, која, пред сѐ, ги воодушевува нејзините следбеници од посилниот пол.

Имено, Кендал позираше пред огледало во минијатурно бикини, при што до израз дојде нејзиното витко тело.

Иако манекенката нема тело како „песочен часовник“, како своите сестри Ким, Кортни, Клои Кардашијан и Кајли Џенер, Кендал има фигура која секој би ја посакал, па може да се каже дека токму поради тоа е посебна во однос на своите познати сестри.

Кендал воодушеви со својот беспрекорен изглед, па доби и бројни комплименти од своите следбеници, но и членовите на своето семејство: „Какво тело“, „Преубаво изгледаш“, „Совршена си, не е реално какво тело имаш“.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: