Совети кои спасуваат живот: Како безбедно да се евакуирате од стан зафатен со пожар?
Деновиве, повторно се разгореа пожари, кои се шират со брзина на светлината. Досега сѐ уште немало пожар во некој град, каде би можеле да се доведат во опасност животите на граѓаните, особено на оние кои живеат во згради, а се надеваме дека така и ќе остане.
Но, во продолжение ви посочуваме на некои работи, кои би требало да ги следете за безбедно да се евакуирате доколку се случи да избувне пожар во зградата во која живеете:
# Повикајте пожарна
Доколку забележите пожар или почувствувате мирис на чад во вашиот стан или зграда, повикајте противпожарна служба и никогаш немојте да претпоставувате дека некој веќе го направил тоа.
Доколку во текот на ноќта забележите пожар, а немате аларм во случај на опасност, излезете на прозорецот или во ходникот и викајте „Пожар“, па така ќе ги разбудите сите соседи, а потоа повикајте 193. На пожарникарите дајте им конкретни податоци за местото на пожарот како што се адреса, спрат и број на станот.
# Затворете ја вратата и исклучете ја струјата
Доколку пожарот е во некоја просторија во вашиот стан, затворете ја врата на таа просторија и исклучете ја електричната енергија. Повикајте пожарна и евакуирајте ги членовите на семејството, а ако пожарот е помал обем, обидете се да го изгаснете.
Доколку е од поголем обем, напуштете го станот, затворајќи ги сите врати зад себе, во спротивно, поради свежиот воздух пожарот брзо би се проширил низ целиот стан.
# Кога водата не го решава проблемот?
Никогаш не користете вода за гаснење на пожар на електрични инсталации и апарати, поради ризикот од струен удар.
Исто така, никогаш немојте да користите вода за гаснење на пожар предизвикан од бензин или масло, бидејќи овие супстанци пловат по вода и со самото тоа може да допринесат за ширење на пожарот.
# Пребројте ги членовите на семејството
За време на евакуација важно е сите членови да бидат во иста просторија, бидејќи децата од страв може некаде да се сокријат. Дури кога ќе бидат сите на број, може да се движите кон излезот.
# Намокрете крпи со вода за полесно да дишете
За време на евакуација подгответе се за средба со густ чад и топлина, па ако имате време, облете чевли со дебел ѓон, капут и задолжително ставете крпи и пешкири со вода преку носот и устата.
# Што подалеку од лифтот
За време на евакуација никогаш не користете лифт, бидејќи за време на пожар се ослободува густ чад кој содржи отровни испарувања кои брзо го исполнуваат лифтот. Тоа предизвикува сигурна смрт за сите кои се наоѓаат во него.
# Кога ќе биде безбедно излезете на тераса
Ако не сте непосредно загрозени од пожарот, најдобро е да останете зад затворените врати на својот стан.
Во случај чадот да почне да продира околу вратата, намокрете пешкири и крпи со вода, ставете ги околу вратата за да спречите димот да влезе внатре во станот.
Акко надвор има чист воздух, излезете на тераса затворајќи ја вратата зад себе и почекајте пожарникарите да завршат со гаснењето на пожарот, бидејќи во својот стан сте најбезбедни.
# Внимавајте каде ги фрлата отпушоците
Неизгасениот отпушок никогаш немојте да го фрлате низ прозор или од тераса, бидејќи во голем број случаи може да заврши во соба или на терасата во некој од становите под вашиот и да предизвика пожар.
фото: Shutterstock