Совршениот стил го наследи од мајка ѝ, секогаш беше покрај неа: 3 совршени комбинации во режија на ќерката на Брижит Макрон (ФОТО)
Тифани Озиeр е најмлада од четирите деца што Брижит Макрон ги доби во бракот со нејзиниот поранешен сопруг Андре-Луис Озиер.
Тифани имала 10 години кога нејзината мајка го запознала тогаш 17-годишниот Емануел Макрон, кој присуствувал на предавањето по театарска уметност кое го предводела Брижит.
Брижит и Андре-Луи се развеле во 2006 година, а една година подоцна Брижит се омажила за Емануел Макрон. Тифани Озиер секогаш отворено ја бранела врската на својата мајка со 24 години помладиот маж, порачувајќи им на критичарите на нивната врска дека само завидуваат. Зборувајќи за својата мајка во телевизискиот документарец „Brigitte Macron: A French Novel“, 38-годишната Тифани изјави:
„Беа прилично маѓепсани еден од друг и тоа беше прилично очигледно, но и многу тешко. Ако би требало да дадам визија за љубовта, тоа се Емануел и мама. Кога се заедно, светот скоро како да не постои“.
Тифани по професија е адвокатка и се занимава со активизам, а голема страст ѝ е реформата на затворскиот систем и реинтеграција на поранешните затвореници во општеството. Очигледно е дека Тифани е многу блиска со мајка ѝ од која го има наследено и добриот моден стил, па така мајката и ќерката во една прилика се „уловени“ во многу слична модна комбинација, сочинета од тесни фармерки и бела маица, како и високи потпетици во „nude“ нијанса.
фото: ПрофимедиаЗа неодамнешната посета на Елисејската палата со нејзиниот сопруг Антон Шот и нивните две деца, Тифани избра комбинација која зрачи со лежерна елеганција, сочинета од црни панталони со лесен трапезоиден крој со кои носеше кошула со пепито дезен и класични црни салонки од лакирана кожа.
фото: ПрофимедиаЗа инаугурацијата на Емануел Макрон во 2017 година, таа избра мини фустан, со што покажа дека е како мајка ѝ, која не се двоуми да ги покаже нозете и да ги помести границите на кодексот за облекување во претседателските протоколи. Сака да носи и поопуштени комбинации, па за една посета на Елисејската палата носеше зарен комбинезон, кој може да се носи и за на кафе.
фото: Профимедианасловна: Принтскрин / Јутјуб