„Спајдермен“ конечно успеа: Том Холанд е трезен цели 6 месеци
„Чувствував
дека не можам да се дружам без него, дека не можам да одам во паб и да пијам
само сок од лимета“
Ѕвездата на Спајдермен, Том Холанд, вели дека отрезнувањето е „најдоброто нешто што некогаш го направил“ кога сфатил дека е „роб“ на алкохолот. Неговото патување до трезвеност започна по „многу, многу пијан Божиќ“ во 2022 година, изјави тој за подкастот On Purpose на Џеј Шети.
Одлучил да не проба ниту капка алкохол во јануари, но се што можел да помисли тогаш е да испие една пијачка, што го исплашило.
-Помислив: „Можеби имам проблем со пиењето, се сеќава тој.
Решил да не пие ниту следниот месец, но тешко и одолеал на англиската култура на пиење.
-Почувствував дека не можам да се дружам без него, дека не можам да одам во паб и да пијам само сок од лимета, изјави актерот.
-Не можев да излезам ни на вечера, навистина се мачев, а потоа се запрашав зошто сум роб на пиењето, зошто бев толку опседнат со идејата дека треба да пијам, изјави Холанд.
Расеан и потресен, решил да не пие шест месеци. Целта ја постигна на 1 јуни кога го прослави својот 27 роденден. Уште тогаш се чувствувал „најсреќен во животот“.
Тој ги наброја и сите придобивки што ги ужива откако се откажал од пиењето.
-Подобро спијам и подобро се соочувам со проблеми. Можам да се справам со работите кои ме мачеа претходно за време на снимањето, умот ми е бистар и се чувствувам поздраво, изјави актерот.
Ѕвездата на филмот Спајдермен ги споменува и последиците што ја придружуваат состојбата на трезвеност. Една од нив е што се огради од рагби заедницата, бидејќи се се вртеше околу пиењето. Ја охрабрил и мајка си да престане да пие.
-Тоа е неверојатно и таа го сака. Не можам да верувам колку различно се чувствувам кога не пијам, неверојатно, додаде тој.
Холанд моментално е на деветмесечна пауза од глумата, по снимањето на исцрпувачката ТВ серија на Apple The Crowded Room. Како што објасни минатиот месец, му било тешко да игра улога заснована на „силувачот од кампусот“ Били Малиган, Американец кој тврди дека има 24 личности во себе. Милиган беше првиот човек кој беше прогласен за невин за сопствените злосторства врз основа на дисоцијативно нарушување на идентитетот. Наместо во затворска ќелија, тој помина десет години во психијатриски болници.
Ќе паузирам една година, што само покажува колку беше напорно снимањето на оваа серија, изјави тој за телевизијата Екстра.
Иако во текот на изминатата година се соочи со бројни проблеми, поддршка му даде девојката и колешката која се појавува и во филмот Спајдермен, Зендаја.
-Јас сум среќен што имам некоја како неа во мојот живот и интересно е да се биде во романтична врска со некој кој е во слична позиција како тебе. Можете да споделувате искуства, што е исклучително важно, рече Холанд минатата недела, појавувајќи се во една епизода од подкастот Smartless.