Spice Girls се враќаат на сцена, но без Викторија Бекам

Spice Girls се враќаат на сцена, но без Викторија Бекам

Објавена во: Stars // Музика

Музичките поп икони - Spice Girls, одлучија повторно да запеат заедно и да направат голем камбек со турнеја во текот на следната година.

Женскиот поп бенд престана да функционира пред 18 години, кога Гери ја напушти групата. Девојките повторно се здружија во 2007 година, за турнејата Viva Forever, а последен пат заедно настапија во 2012 г. на затворањето на Олимписките игри во Лондон. Иако од нивната последна соработка помина повеќе време девојките се многу возбудени што заедно ќе пеат низ цела Англија:

„Време беше да ја вратиме женската моќ на сцената!“

Гери, Мел Би, Ема и Мел Си турнејата ја започнуваат на 1 јуни. Во ниту едно интервју не се споменува Викторија, а тоа значи само едно дека сопругата на познатиот фудбалер Дејвид Бекам, нема да биде дел од групата.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: