Спиев со половина Њујорк, па си најдов маж: Искрено интервју на Ешли Греам
Ешли Греам ја сподели среќната вест дека го очекува второто дете со сопругот Џастин.
Ешли Греам, најпознатата плус сајз манекенка, неодамна во контраверзно интервју за „Ел“ зборуваше за својот интимен живот и за бракот со Џастин Ервин, тогаш изјави дека спиела со половина Њујорк.
„Клучот на успехот е да водите љубов. Постојано водете љубов. Дури и ако не сте подготвени, впуштете се. Тоа сигурно ќе ви го подобри расположението“, изјавила манекенката.
Својот сопруг, таа го запознала во локална црква додека волонтирала.
„Се разбира дека си бевме привлечни еден на друг. Се прашував дали е тој личноста со која можам да го поминам животот. Пред него, спиев со половина Њујорк, ми здодеа, направив сѐ. Сега се смирив крај човек кој постојано ме возбудува“, додала манекенката.