Спотот на BTS за песната „DNA” сè уште руши рекори на Јутјуб!
Момците од бендот BTS одлично ја започнаа 2019 година и тоа какo прва корејска група што достигна над 600 милиони прегледи на Јутјуб. Ниваната песна „DNA“ ги собори сите рекорди на гледаност.
Видеозаписот за песната беше објавен во септември 2017 година, како дел од албумот „Love Yourself: Her”. „DNA” беше првиот сингл од овој албум, а по него следеше и песната „Mic Drop”. Оваа песна исто така имаше огромна гледаност на Јутјуб, а се најде и меѓу првите најслушани песни на неколку светски топ листи.
Инаку видеото за песната „DNA” исто така достигна и над 20 милиони прегледи уште во првите 24 часа од објавувањето.