Срцето му откажало за време на вежбање: Кој е Игор Гарниер, младиот диџеј кој ненадејно почина?
Српскиот диџеј Игор Гарниер изненадно почина на 31 година за време на тренингот во Вашингот, а првпат со музиката се сретнал кога имал само шест години.
Посетувал музичко училиште и учел да свири клавир. Потоа, се запишал во средното музичко училиште, каде учел за музичката продукција, теорија на музиката и клавирот.
По завршувањето на средното се запишал на Европскиот музички универзитет, смер - аудио инженерство, каде завршил основна музичка продукција и звучна техника.
Игор последните години работеше со едно едно од најголемите имиња на електронската музика - Ерик Прик. Тој уште на шест години почнал да свири клавир. Завршил музичко училиште, а неговиот талент набрзо почнал да биде наградувам на разни меѓународни натпреварувања. Пред 16 години се запознал со електронската музика, а како поминувало времето, одлучил дека хаус музиката нема да биде само негово хоби, туку и дел од животот. Игор зад себе има неколку успешни албуми и многу прекрасни настапи ширум поранешна Југославија и Америка. Една од неговите најпопуларни песни е „Милка Цаниќ“, обработка на песната „Барбра Стрејсенд“ на популарниот состав Дак сос.
Талентираниот музичар од новобелградските блокови со години живееше во Америка.
Несудениот зет на Жељко Самарџиќ имаше неколку состаноци со Џастин Бибер и познатиот продуцент Квинси Џонс, кој стои зад најголемите хитови на Мајкл Џексон.
„Џастин е прекрасно момче и неверојатен музичар, се надевам дека ќе успееме за брзо да оствариме соработка. Неколку пати бевме кај него дома. Бевме опуштени, зборувавме на разни теми. Посветен е на музиката и постојано компонира“ - кажа тогаш Игор.
„Овде работите се многу поинакви, отколку во Србија. Луѓето се поотворени и подготвени на ризик и напредок. Запознав многу луѓе од светот на музиката и филмот, многу научив и сигурно чекорам кон својата цел“ - додаде Игор.
Инаку, Игор Гарниер беше шест години во врска со ќерката на Жељко Самарџиќ, а како што пишуваше тогаш „Курир“ тие планирале и да се венчаат, но се откажале од таа намера.