Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човекот кој доби втора шанса за живот: Министерот Венко Филипче за успешната трансплантација
Утринава на клиниките за Крадиохирургија и Урологија беше направена трансплантација на срце и бубрези од починат донор, а за ова извести министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој на својот Фејсбук профил, сподели фотографија, покрај која ја извести јавноста за хуманата 42-годишна сограѓанка која го загуби животот и на која со ова ѝ се исполни последната желба - нејзините органи да бидат донирани.
Неколку часа подоцна, следуваше уште една објава од страна на минитерот, кој сподели уште една фотографија на која се гледа дека срцето на 42-годишната жена почнало да чука во градите на човекот кој доби уште една шанса за живот.
„Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган.“ - напиша министерот Венко Филипче на Фејсбук.