СРЕЌА КАКО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО: Денис тргнал да купи чоколадно млеко за децата, се вратил дома со милиони во џеб
Замислете да отидете во продавница да купите нешто и да се вратите дома како милионер... Токму такво нешто му се случило на Денис кој сакаше да купи чоколадно млеко за децата
Имено, кога отишол да го купи омиленото нешто на најмалите, купил и лото ливче, кое, како што подоцна се испоставило, било победничко.
Денис Виловби од Вирџинија отишол во локална продавница за да им купи чоколадно млеко на децата, не замислувајќи дека ќе се врати дома со многу повеќе од тоа.
За време на купувањето, тој одлучил да земе инстант лоз од лотаријата на Вирџинија. Се покажа дека е добитен со џекпот од милион долари. Виловби е само вториот играч кој ја освоил најголемата награда од таа игра. Има уште една добитна, но сѐ уште не е купена.
Веројатноста да се добие џекпот е 1 спрема 1.632.000, објави лотаријата на Вирџинија, пренесува порталот РТС.
Среќниот татко требало да избере дали веднаш ќе ги земе сите милион долари или ќе му биде исплатена таа сума во период од 30 години. Тој ја избрал првата опција.