Среќата ја сподели со сите: Прослава во семејната куќа на Карлеуша и Тошиќ!
Не можеше да издржи и сподели со своите следбеници
Фудбалерот Душко Тошиќ денес го слави својот 36-ти роденден, а од рано утрово, го пречека неговото прво изненадување!
Сопругот на Јелена Карлеуша го изненадија жените во неговиот семеен дом со торта во форма на фудбалска топка, а тој веднаш се пофали на социјалната мрежа Инстаграм.
Станува збор за црвено-бела торта, која веројатно ја симболизира Црвена звезда.
На тортата пишува „Тошиќ“, на кирилица.
Инаку, Тошиќ поради паузата веќе некое време е со своето семејство во Белград, а пред новогодишната ноќ, која сите ја прославија заедно, тој беше во Дубаи со ќерките Атина и Ника.
Фото: Инстаграм/karleusastar/srbija.v.i.p