Среќата секогаш ни дава пријатели, но несреќата ги проверува: Најубавите цитати за другарството
Сакате ли да имате непријатели, пофалете се пред пријателите; сакате ли да имате пријатели, дозволете им тие да се фалат пред вас. - Ла Рошфуко, француски писател
Пријателот на сите не е нечиј пријател. - Артур Шопенхауер
Пријателот се познава во невоља, како златото во оган. - Српска народна поговорка
Помеѓу пријателите треба да ги сакате не само оние кои сочувствуваат со вашата несреќа, туку и оние кои не ви завидуваат на среќата. - Сократ
Несреќата ги открива оние кои не се вистински пријатели. - Аристотел
Не треба да им се верува на луѓето со кои само што сме се спријателиле, а кои покажуваат дека сме и подраги од нивните стари пријатели; така ќе се однесуваат и со нас кога се имаат нови пријатели. - Езоп
Колку и да е ретка вистинската љубов, толку поретко е вистинското пријателство. - Ла Рошфуко
Среќата секогаш ни дава пријатели, но несреќата ги проверува. - Француска поговорка
Пријателите и добрите манири ќе те следат и таму каде што парите не можат. - Маргарет Вокер
Непијатели, тоа се само оние наши стари пријатели кои од нас ги дели само некое недоразбирање или предрасуда. - Јован Дучиќ
Не постајат наши постојани пријатели и наши постојани непријатели, постојат само наши постојани итереси. - Винстон Черчил
Прекинувањето на пријателството е како да се прекине конец. Може да се продолжи, но чворот останува. - Ла Рошфуко
Пријателството е родено во моментот кокга една личност и вели на друга: „Што? Зарем и ти? Мислев дека сум единствен!“ - К. С. Луис
Пријател е оној кој те познава онаков како што си, сфаќа што си поминал, прифаќа она што си станал и се уште ти дозволува да растеш“ - Вилијам Шекспир
Потребно е многу храброст да се спротистави на непријателот, но уште повеќе храброст е потребно да се спротиставиме на пријателот.“ - Џ.К. Раулинг, „Хари Потери и каменот на мудроста“
Старите пријатели се најдобри огледало. Џорџ Херберт