Среќен роденден тато: За роденденот на Џамбазов, Антониа Гиговска си посака едно нешто
Еден од најомилените шоумени и актери во нашата држава, Игор Џамбазов денес слави роденден. Тој полни 58 години, а по повод својот роденден, тој на Инстаграм сподели фотографија, покрај која напиша: „На денешен ден пред 40 години, станав полнолетен“.
Многу пријатели и соработници му го честитаа роденденот, а помеѓу нив беше и младата пејачка Антониа Гиговска, која на неговиот роденден си посака нешто за себе.
„Среќен роденден тато Игор Џамбазов, си посакувам уште многу вакви маестрални текстови од тебе“ - напиша Антониа покрај видеото од песната „Крива сум“, чиј текст го напиша шоуменот.
Инаку, Игор ѝ беше татко на Антониа во мјузиклот „Тајно моја“, па поради тоа, таа му се обраќа со оваа титула.