Српската рап група „Црни церак“ во сабота во Скопје
Српската рап група „Црни церак“ која е во моментов хит во регионот, во сабота ќе гостува во Скопје, во клубот Central Park All seasons club, во градскиот парк. Забавата ќе започне од 19 часот, и е во организација на Party boosters events.
Во саботата во скопскиот Градски парк, се отвори дискотеката која отсега почна со работа во својата пролетна сезона.
Многу млади од цела Македонија дојдоа на Балканската забава која се одржа во клубот кој е популарен меѓу тинејџерите и младите. Организаторите најавуваат уште многу забави во текот на целата сезона.