Српски инфлуенсер бара пари од следбениците за стан: Ако сите му ја уплатат сумата која ја бара ќе може да купи недвижнина во најлуксузниот дел од Белград
Популарниот инфлуенсер Владимир Звекиќ попознат како „Веселеен“, отвори намеска сметка и од своите следбеници побара секој од нив да му уплати по едно евро, за да може да си купи стан.
Владимир за себе избрал недвижнина, а единственото нешто што му е потребно за да го оствари „својот сон“ е луѓето да ја прифатат неговата молба и да си го реши стамбеното прашање.
Објавата на популарниот инфлуенсер предизвика бура на социјалните мрежи, иако тој во своите објави на Инстаграм се фокусираше на позитивните коментари и оние кои се решени да го „вдомат“ им се заблагодари на поддршката.
„Ух, што да кажам, која порака да ја испратам. На оние кои не веруваат во исконска добрина. Пријатели, ако ова навистина функционира, ве покажувам сите на забавата по повод селидбата и ќе правиме циркус. Ќе го демолираме станот. Не знаете ни половина од тоа што го минав во животот и како живеев“ - наведе тој во објавата и продолжи:
„Не сакав ниту да споделува, ниту да бидам мрачен или пак злите јазици да кажат дека се правам жртва, но беше борбено, додека не се случивте вие. Толку пати ме вадевте од депресија, лоши ситуации, ми бевте ветар во грб, а не ни знаевте, а сега ова, уште сум во неверување, рацете ми се тресат додека пишувам, потече и по некоја солза радосница.
Морам да легнам да спијам, но навистина не ми е добро, не престанувам да се потам, се тресам целиот. Телефонот ми е топол и утре ќе ви покажам како изгледа станот“ - напиша Веселин на социјалната мрежа Инстаграм.
Инаку, Владимир Звекиќ има 328.000 следбеници и ако барем половина од нив уплатат по едно евро на негова сметка, тој би можел за себе да одбере и некои од становите во најлуксузниот дел од српската престолина.
фото: Принтскрин / Инстаграм