Српски Робинзон Крусо: Живее во пештера 20 години, штом чул за короната веднаш се вакцинирал а го воодушеви и Илон Маск
Панта Петровиќ одлучи да се дистанцира од остатокот од светот пред речиси 20 години. Од Пирот, каде што живеел, се преселил во пештера во Стара Планина, на југот на Србија.
Тој дознал за пандемијата минатата година за време на една од неговите ретки посети на градот, и штом слушнал дека има вакцина против ковид, побрзал да се вакцинира. Тој ги повикува и другите да го сторат тоа.
"Вирусот не избира. Ќе стигне и до мојата пештера", изјави Панта за АФП.
Петровиќ работел илегално во Пирот, а извесно време работел и во странство, а потоа заклучил дека му е доста од цивилизацијата и отишол во изолација.
"Не бев слободен во градот. Постојано ми пречи некој на пат. Се расправате со сопругата или со соседите или со полицијата. Овде не ми пречи никој и ништо", вели тој.
Панта се храни со печурки и риби што ги лови во блискиот поток, а исто така наоѓа храна во канти за отпадоци кога ќе слезе во градот.
Сега тој мора да оди таму малку почесто затоа што, по нападот на волкот, ги засолнил своите неколку кози и кокошки во колиба на работ на градот. Добива и социјална помош, но тврди дека ги смета парите за проколнати.
"Парите се проколнати, ги корумпираат луѓето. Мислам дека ништо не може да ги корумпира луѓето полошо од парите", рече тој.
Тој одлучил да се вакцинира штом дознал дека вакцината е достапна.
"Сакам да ги примам сите три дози, вклучително и дополнителната. Ги повикувам сите граѓани да се вакцинираат", вели тој.
Тој рече дека не ги разбира оние што не го сакаат тоа и нагласи дека верува оти процесот ќе ја искорени болеста.