Стануваат сопственички на недвижен имот од неколку милиони евра: Што сѐ ќе им препишат Душко и Јелена на Атина и Ника?
Бидејќи нивните ќерки моментално се малолетни, Јелена ќе располага со имотот додека не пораснат...
Како бомба одекна веста дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ одлучија да се разведат, а покрај бројните нагодувања, многумина ги интересира колку се всушност богати, како и што ќе добијат нивните наследнички.
По 14 години брак, пејачката Јелена и поранешниот фудбалер Душко, донесоа одлука да се разведат, а старателството над децата ќе ѝ припадне на неа. Како што наведе Јелена во своето соопштение, целиот имот стекнат во текот на бракот, ќе го наследат нивните две ќерки - Атина и Ника.
Пред неколку години брачната двојка ја купи вилата од Драга Скојковиќ Пикси, лоцирана на Дедиња, која вреди околу 3 милиони евра, во која сега живее Карлеуша со ќерките. Инаку, до тогаш живееја во луксузниот дом во Лисичји Поток од кој, подоцна, Карлеуша се отсели.
Поранешниот фудбалер освен што купи две недвижнини во Белград, направи и куќа во Орловат, во местото каде што живее неговата мајка.
Бидејќи нивните ќерки моментално се малолетни, Јелена ќе располага со имотот додека не пораснат, наведува „Блиц“.
Инаку, освен што поседува луксузни недвижнини, Тошиќ стана и најплатениот српски фудбалер, кога потпиша договор за кинескиот фудбалски клуб Guangzhou. Тој тогаш заработуваше по 5 милиони и 800.000 евра за една сезона. Така Душко, во периодот од 2015 година, па сѐ до 2020 година заработи околу 18 милиони и 750.000 евра.
фото: Принтскрин / Инстаграм