Стар е 24 години и совршено ѝ стои: Лени Клум за матура го облече стариот фустан на својата мајка (ФОТО)

Стар е 24 години и совршено ѝ стои: Лени Клум за матура го облече стариот фустан на својата мајка (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Познатата манекенка и топ модел Хајди Клум отсекогаш е позната по добриот стил и убавина која не поминува, а нејзината ќерка се потруди да ја продолжи традицијата.

Хајли Клум е светски позната манекенка, а и денес нејзините модни комбинации го привлекуваат вниманието на сите и се пример за тоа како треба да изгледаат девојктие.

Лени Клум, ќерката на Хајди е млада тинејџерка, која сега ја прослави матурата на еден многу посебен начин.

Сигурни сме дека Лени можела да облече најразлични фустани од познатите светски брендови и да биде главна тема, меѓутоа, таа одбра поинаков начин да го освои вниамнието на јавноста.

Таа облече миди црн фустан без прерамки, кој го искомбинира со светкава чанта и елегантно, скоро незабележливо ланче.

Она што се издвои Лени, освен по црниот фустан кој секогаш е сигурен избор е тоа што споменатата креација ја носеше Хајди уште во далечната 1998 година.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: