Стара е 26 години, а чини 19.800 евра: Приказната за необичната јакна во која Ријана соопшти дека е бремена
Пејачката од Барбадос (и национален херој) Ријана и раперот Ејсап Роки вчера конечно ги потврдија повеќемесечните шпекулации дека ќе станат родители. Познатата двојка позираше во Њујорк, а на фотографиите главниот фокус беше на трудничкото стомаче на пејачката, што стави крај на сите озборувања дали ќе има има принова во нивното семејство.
Откако долго го сокриваше стомакот под предимензионалните модни парчиња, Ријана повторно одбра такво модно парче - огромна розова јакна, со тоа што сега ја раскопча и покажа дека наскоро ќе стане мајка.
За оваа прилика таа одбра ретро парче: јакна на Chanel, која е претставена во рамките на колекцијата за есента 1996 година, а нејзиниот дизајн ја потпишува познатиот Карл Лагерфелд. Станува збор за паф модел од познатата француска модна куќа, паѓа до колена и е збогатена со златните копчиња во облик на ѕвезда. Оваа јакна и понатаму е достапна во продажба, а нејзината цена е скоро 19.800 евра.
фото: Инстаграм