Стари фотки од Кајли Џенер: Буквално не личи на себе, обожавателите не можат да веруваат

Стари фотки од Кајли Џенер: Буквално не личи на себе, обожавателите не можат да веруваат

Објавена во: Живот // Живот

Огромна разлика... Или 

Најмладата милијардерка на светот Кајли Џенер е најмладата и најбогатата сестра од кланот Кардашијан - Џенер, а ја следат и најмногу луѓе на социјалните мрежи.

Имено, таа благодарение на својата популарност има милиони обожаватели ширум светот, а еден од нив толку љубопитно ја следи што пронајде нејзини фотографии кои на социјалните мрежи ги објавила уште во 2011 година.

На платформата „ТикТок“ започнаа да кружат нејзините фотографии од пред 10-тина години кога била тинејџерка, а ги објави љубопитниот обожавател.

„Изгледала како нормална тинејџерка. Воопшто не личи на себе“ - коментираа нејзините обожаватели, кои се чудат на големата промена.

Многумина знаат дека Кајли се одлучи за многу естетски операции, иако сето тоа го негира, и призна дека само има ставено филери во усните, иако е очигледно дека ги има зголемено и градите, задникот, а многумина велат дека ги има отстрането и ребрата за да има совршена и тесна половина.

Реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, кое го прослави целото семејство, започна да се емитува кога Кајли имаше само 10 години, па сите можеа да ја следат нејзината трансформација од девојче во возрасна жена и мајка.

Таа призна и за неколку промени на лицето пред неколку години:

„Имав 15 години и бев несигурна во усните. Тие беа навистина мали“ - рече таа во една прилика.





Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: