Стави крај на бројните шпекулации на обожавателите: Хари Стајлс конечно откри што значи „Watermelon sugar“

Стави крај на бројните шпекулации на обожавателите: Хари Стајлс конечно откри што значи „Watermelon sugar“

Објавена во: Stars // Музика

На неодамна одржаниот концерт, се испостави дека една група обожаватели била во право...

Набрзо откако беше објавена, „Watermelon sugar“ стана голем хит. А, потоа почнаа да се шират разни приказни за тоа што сакал Хари Стајлс да каже со тоа, односно што се крие зад називот на оваа песна. Дури неодамна, ѕвездата реши да проговори на таа тема и тоа за време на настапот во Нешвил на почетокот на овој месец. Тогаш, ги потврди шушкањата дека ја направил како „синоним за оргазам“.

Сепак, признанието не помина без малку скокоткање.

„Оваа песна е за о... Па, не е всушност важно за што станува збор“ - почна тој.

„Станува збор за тоа колку животот е сладок. Значи, за уживањето во тој сладок живот. Исто така е и за женскиот оргазам, да. Но, тоа навистина не беше фокус“ - кажа, а странските медиуми пренесуваат дека и одредена група обожаватели го мислела истото.

Имено, поединци со месеци наназад биле уверени дека тоа е она што се крие зад називот на овој хит. За тоа, долго се дискутираше и на социјалните мрежи, сè досега, кога музичарот со признанието не стави крај на шпекулациите, но и ги израдува оние кои погодиле.


Инаку, „Watermelon sugar“ светлината на денот ја здогледа во ноември 2019 година. Спотот кој „мириса на лето и добра забава“, се коментираше и долго беше во центарот на вниманието, но и многумина наведе да размислуваат. 

фото: Profimedia

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: