Сте се запрашале ли колку чини да се биде Кардашијан? Колку троши секоја од нив на месечно ниво?
Дознајте колку секоја од сестрите Кардашијан - Џенер троши на услуги како што се лични тренери и шминка!
Дали некогаш сте се запрашале колку чини да се биде Кардашијан?
Познатите сестри секогаш изгледаат беспрекорно, тие имаат интензивна рутина за нега која се движи од шминка за секоја фотосесија до неделни вежби со лични тренери.
Проверете колку троши секоја сестра месечно!
# Ким Кардашијан (137 000 евра за месец)
Според „The Sun“, Ким Кардашијан е сестрата која троши најмногу пари на нега на убавина и велнес. Меѓу нејзините трошоци се 2.100 евра неделно за нејзината лична тренерка Мелиса Алкантара, со која има сесии шест пати неделно. Таа плаќа 1.600 и 2.100 евра на ден на фризери и шминкери за фотосесии. Нејзината рутина за нега на кожата вклучува полугодишно чистење на кожата, кое чини приближно 41.600 евра и употреба на моќни производи, што може да чини до 4.100 евра во просек.
# Клои Кардашијан (120.200 евра за месец)
Според статијата, Клои е втора сестра со најголеми желба кога станува збор за убавината. Меѓу нејзините трошоци има вежби кои чинат 2.000 евра неделно, фризери кои добиваат 1.500 евра на ден, шминка за професионалци со дневна стапка од 2.100 евра и рутина за нега на кожата која чини 830 евра месечно.
# Кајли Џенер (117.000 евра за месец)
Најмладата од сестрите е вистински вљубеник во модата: млада жена, која на неделно ниво ја менува својата фризура и бојата на косата, во просек троши 1.500 евра на фризури, а да не зборуваме за употреба на перики, кои во просек чинат по 4.100 евра. Нејзината друга страст е неделното патување во салон, каде добива маникир и педикир за 75 евра, покрај одржувањето на трепките двапати месечно, кое чини 145 евра.
# Кортни Кардашијан (57.000 евра за месец)
Кога станува збор за убавината, Кортни има помалку барања од нејзините сестри. Нејзината рутина за нега на кожата е постапка во 9 чекори, која според објавата чини нешто повеќе од 420 евра. Друга постапка што сестра ја кориси е употреба на ЛЕД маски, кои чинат 160 евра.Нејзините лични вежби чинат 2.100 евра неделно.
# Кендал Џенер (21.000 евра за месец)
Во споредба со трошоците на нејзините сестри, Кендал троши најмалку на третмани за убавина, сепак имајќи предвид дека е манекенка, природно е дека не троши пари на шминка или фризури. Сепак, бринетата има своја рутина за нега на кожата, нега на коса и тренинзи. Кендал ја одржува нега на кожата со едноставна рутина - го мие лицето два или три пати на ден. За ова таа користи сапун вреден 50 €. За телото, таа има шестонеделен план кој чини 12.700 евра, а нејзините патувања до фризерот вредат 830 евра.
фото: profimedia