Сте виделе сладолед со кромид? Епа жирафите од Скопје ЗОО го обожаваат: Вака се разладуваат жителите на Зоолошка (ФОТО)
Пеколните горештини деновиве се премногу и за жителите на скопската Зоолошка градина, како и за сите животни воопшто се разбира.
Начините за разладување во текот на летните периоди кои ги применуваат луѓето, ги обожаваат и животните. А сладоледот е еден од омилените летни засладувачи како за нас, така и за животните.
Скопје ЗОО објавија низ фотографии и видеа со кои не' запознаваат како нивните жители се разладуваат.
Жирафите Флопи и Каспер добија убав витамински десерт за разладување - сладолед со кромид, замислете, тие го обожаваат.
Рипко се лади со сладолед направен од овошен сок.
Слоновите се ладат со вода.
Од Скопје ЗОО потсетуваат да не заборавате да ги разладите и вашите миленици и да оставите надвор свежа водичка за бездомните животни и птиците.