Стефан Богоев ги зема синчето и сопругата од болница ФОТО
Поранешниот пратеник и градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, пред три дена сподели убави вести. Тој стана татко.
Неговата сопруга Ивана го роди синот Лука, а денес семејството си замина дома.
На социјалните мрежи по повод заминувањето дома, Стефан ја објави првата фотка и напиша:
"Татко на општина" беше сериозен предизвик, но "Татко на Лука" ми личи поинтересно.
Боегоев со Ивана Анѓеловска стапи во брак во 2018 година, a ја запроси во февруари истата година.