Стилот не познава години: „Мама и јас се облекуваме исто, таа има 60, а јас 22 години“ (ВИДЕО)

Стилот не познава години: „Мама и јас се облекуваме исто, таа има 60, а јас 22 години“ (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Самодовербата и вкусот немаат старосна граница.

Сè што носи 22-годишната Саша Морпет, нејзината 60-годишна мајка може да го носи уште подобро. А видеото во кое Саша и нејзината мајка носат четири исти комбинации го воодушеви светот.

Иако можеби изгледа дека треба да имате поскромна гардероба кога стареете, тоа не значи дека вашиот стил не може да биде сè уште во тренд. Не постои старосна граница за шик облека, а тоа го докажува и Саша Морпет, моден дизајнер.

Имено, сè што носи оваа 22-годишна девојка, нејзината 60-годишна мајка може да го носи уште подобро. Во прикажаното видео и Саша и нејзината мајка ги пробуваат истите четири комбинации.

Со наслов „Усогласена облека со мама, за сите возрасти“, видеото ја прикажува самоуверената енергија на мајката и ќерката.


Во првиот изглед покажаа класична црно-бела комбинација каде носат спортски панталони и соодветен блејзер, и маичка со висока јака. Со златен накит и штикли, овој деловен изглед е совршено софистициран и стилски.

За ноќниот аутфит, девојките носеа едноставен мини фустан со црна чанта што изгледа совршено.

Кога станува збор за удобните и слатки опции за облека, Саша и нејзината мајка потврдуваат дека никогаш не можете да погрешите со пар фармерки и розов горен дел.

Стилот може да се направи уникатен и со кошула која повеќе или помалку ја покрива клучната коска.

На крајот од видеото и двете се појавуваат во долг кафеав фустан на едно рамо со висок шлиц и надуени ракави. За фенси вечера, свадба или голем настан, овој фустан е совршен изглед за секој кој сака да се чувствува елегантно и остварено.

Ќе изгледате младо кога ќе си дозволите да се чувствувате млади.


Сите се воодушевени од нивните модни комбинации, а и од мајката на Саша, па коментираат: „Нема шанси мајка ти да има 60 години?!?!“ Таа е прекрасна“, „Може да носи се“ и „Модата не познава години“, пишува The Sun.

извор:24sedam

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: