Стилски во јуни: Нова колекција на Fashion Group полна впечатливи парчиња!
Месец јуни можеби е еден од најубавите во годината со оглед на тоа што времето речиси секој ден е совршено за правење на стилски комбинации и уживање во одличните температури.
Работната недела и подготвувањето за истата секогаш знае да биде полна предизвици, па сега е полесно од кога и да е, да се подготвите и да блеснете во полн сјај.
Со оглед на тоа што решивме цело лето расположението да биде на највисоко можно ниво, боите на парчињата што ги сместивме во колекцијата се и повеќе од ведри.
Не двоумете се и купете го омилениот зелен фустан, кошулата во интензивна розова, маичката со цветни детали за момците, но и бермудите со школки со кои дефинитивно нема да останете незабележани.
Секако, сега е вистинско време да размислите за вашиот изглед на плажа и да го искористите секој слободен миг за уживање со пријателите, а токму во оваа колекција ќе го најдете совршниот костим за капење за оваа сезона.
Истиот задолжително надополнете го со некоја наметка или уште подобро, цветна кошула, стилски сандали и впечатлив накит и слободно продолжете го денот од плажа на вечера или забава со најблиските.
Во продавниците на брендовите на Fashion Group или онлајн https://bit.ly/34DbrW1 ќе ги најдете вистинските парчиња за секој ден од јуни и воопшто, цело лето во можеби најубавите бои и принтови што сте ги виделе во последно време.
Секако, изборот останува на креативноста со која располагате и слободата што ја носи летото со себе, а во оваа колекција ги имате сите must – have парчиња кои знаеме дека ќе ги обожавате.
Првиот ден од месецот е совршен за шопинг!