Стипендистите од „Борис Трајковски“ програмата за ЕМБА студии ќе присуствуваат на студиската недела на Универзитетот Шефилд во Велика Британија

Стипендистите од „Борис Трајковски“ програмата за ЕМБА студии ќе присуствуваат на студиската недела на Универзитетот Шефилд во Велика Британија

Објавена во: После „Школо“ // PR

Годишната студиска недела на Универзитетот Шефилд е еден од клучните атрибути на ЕМБА програмата. На овој настан присуствуваат повеќе од 240 млади професионалци, меѓу кои и 20те стипендисти од „Борис Трајковски“ програмата за ЕМБА студиипреку Министерството за образование и наука од земјава. Годинешниот конкурс за стипендии од оваа студиска програма е во тек и ќе биде активен до 30 август, со повеќе детали на линкот.

Како традиционален и клучен настан за идните дипломци целта на оваа студиска недела е подобрување на меѓународниот карактер на ЕМБА програмата, обезбедувајќи многубројни можности за мрежно поврзување на студенти од 8 држави. Дел од активностите на студиската недела се едукативни семинари, посети на компании, возбудливи излегувања, остварување релации со професионалци од различни земји, индустрии и култури и споделување најдобри практики.

Стипендистите од оваа програма на студиската недела во Шефилд во јуни годинава, посетија една од водечките компании во автомобилската индустрија, фабриката Јагуар и Ленд Ровер во Ливерпул. Студентите присуствуваа и на предавања одржани од професори од Школата за здравство и сродни истражувања (ScHARR) и Медицинскиот факултет на Универзитетот Шефилд во текот на студиската недела. Додека пак, во Солун, за време на студиската недела годинава се одржаа специјализирани предавања и меѓународни работилници, на теми од најразлични области, меѓу кои Предизвици со стареење на тимот на работното место, Управување со луѓе на стратешки позиции, Управување со ризици.

Предвидена да комбинира работа и задоволство, годишната студиска недела во Солун вклучува и традиционално крстарење со брод во заливот Термаикос, што претставува еден вид пријатно бегство од часови за студентите од ЕМБА програмата.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: