Сторми, 4-годишната ќерка на Кајли Џенер веќе носи високи потпетици: На многумина им е слатка, додека други остро ја осудија (ФОТО)
Таа веќе е полудена по високите потпетици, па затоа многумина сметаат дека ќе тргне по стапките на мајка ѝ...
Ќерката на Кајли Џенер веќе стана модна икона за многумина и тоа благодарение на своето познато семејство. Сторми најверојатно на располагање ја има целата облека со дизајнерски парчиња, а кога ќе ѝ здодеат „Версаче“ или „Прада“, плакарот на мајка ѝ ѝ стои на располагање.
ТикТок видеото кое е објавено на профилот на Кајли, ги подели луѓето кога е ова девојче во прашање.
Имено, во видеото е прикажана малата Сторми како на почетокот е во пижами со високи потпетици, а потоа како тие две одат наизменично во различни високи потпетици.
@kyliejenner happy friday
Walk - Saucy Santana
Сепак, ќе мора да почека уште некоја година за да би можела навистина да ги облече, но за сега нејзиниот моден вкус е и повеќе од феноменален благодарение на Кајли.
Коментарите на луѓето, кога се во прашање девојчето и мајката се разни. Некои сметаат дкеа е многу мала за толку да се замара со облека и брендови, додека други се воодушевени.
Сестрите Кардашијан веќе многу пати беа на мета кога се нивните деца во прашање, бидејќи неколку пати ги имаа фотошопирано и нивните фотки за и тие да изгледаат што подобро и што посовршено.
фото: Принтскрин / Инстаграм