СТРАШНИ ВИДЕА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ГРЦИЈА: Парче карпа падна на една од омилените плажи на Закинтос (ВИДЕО)
Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала се случи утринава во Јонското Море меѓу Кефалонија и Закинтос.
Како последица на земјотресот, дел од карпата се откинала и паднала во морето на популарната плажа Навахо на Закинтос, јавуваат грчките медиуми.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат прашина откако камењата паднале во водата, а околу неа имало бродови.
Грчките медиуми јавуваат дека првиот земјотрес е регистриран во 10 часот и 36 минути по грчко време, а во четвртокот наутро до 11 часот и 16 минути на пошироко подрачје се случиле уште седум земјотреси со јачина поголема од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Експертите велат дека од утрово е неопходно да се внимава по земјотресот.