Страшно: Обожавател фрли бонбони на сцена и го погоди Хари Стајлс во окото (ВИДЕО)
Минатиот септември, Хари Стајлс ја започна својата епска светска турнеја од 167 настапи во Лас Вегас, а „Love on Tour“ треба да се протега на осум етапи и 22 месеци како поддршка на неговиот втор и трет студиски албум. Сепак, на почетокот на овој месец, Хари не можеше да го сокрие своето разочарување кога беше принуден да одложи три концерти во Лос Анџелес откако се разболе од грип.
Имено, неговите концерти, кои првично беа закажани за 5, 6 и 7 ноември, беа одложени за јануари, а Хари се врати на сцената во средата. Но, помалку од една недела по неговото враќање, Хари беше повреден на концертот кога обожавател фрли нешто што личеше на Скитлс бонбони на сцената.
Гледајќи го ова, фановите се налутија поради инцидентот што се случи кон самиот крај на концертот во понеделникот. Видеото, кое беше споделено на Твитер покажува парчиња бонбони како летаат кон сцената и го удираат Хари директно во неговото лево око. На снимката се гледа како Хари веднаш ја става раката над окото и ја наведна главата.
„Кој и да го фрлил тоа, се надевам дека сте засрамени и плачете и никогаш повеќе не ви е дозволено да присуствувате на концерт на Хари“, „Кој во здрав ум мислеше дека фрлањето Скитлс кон Хари е добра идеја? Која беше целта“, „Апсолутно ме збунува фактот што некој имаше смелост да му фрли Скитлс во лицето на Хари Стајлс и да го удри во очи на неговиот концерт“, се дел од коментарите на разочараните обожаватели кои додаваат дека цела следна песна ја пеел со затворено око.
ВИДЕО:whoever the fuck threw a solid object at his eye, u literally ruined kiwi bc he wouldn’t open his eye for the whole song pic.twitter.com/CRBWzsYqcc
— mandiHARRY TALKED TO ME?? (@ibringthep0p) November 15, 2022