СТРАВИЧНО ВИДЕО: Исплива снимката каде крадци пукаат во човек и ги крадат кучињата на Лејди Гага
На Интернет кружи видео од безбедносната камера, на кое се гледа како напаѓачите пукаат кон Рајан Фишер, човекот кој е задолжен за шетање на кучињата на пејачката Лејди Гага. При таа прилика биле украдени две кучиња, а Фишер бил застрелан четири пати.
Видеото снимено од безбедносната камера на соседот покажува дека белиот автомобил дошол до Фишер, и дека двајца мажи излегле од задното седиште.
Еден од двајцата извади пиштол, велејќи му на Фишер „Остави ги“.
Тој се спротивставил, започна да вика и да ја повикува Коџија, едно од кучињата. Сепак, напаѓачот пукал во него, а потоа и двајцата разбојници се вратиле во автомобилот, а секој од нив имал по едно куче.
Третото куче успеало да им избега.
A tiros para robar los perros de Lady Gaga. Así sustrajeron las tres mascotas al paseador de perros de la cantante pic.twitter.com/duCeekoiHO
— EL MUNDO (@elmundoes) February 26, 2021
Да потсетиме, оваа кражба се случи пред куќата на Фишер, а тој ги шеташе кучињата на Лејди Гага затоа што таа моментално е во Италија.
Како што изјави неименуван извор за ТМЗ, пејачката била многу потресена од целиот настан и понудила половина милион долари доколку непознати киднапери ги вратат нејзините кучиња.
Фото/Инстаграм
Видео: Твитер