Струмичанката Драгана Костова „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“ и помина директно во следен круг
Во синоќешната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ македонската учесничка од Струмица, Драгана Костова, буквално растури со пеењето.
Настапот ја однесе директно во четвртиот круг, таа доби шест гласови по прегласувањето.
Нејзин ментор е Марија Шерифовиќ.
Во интервјуот за Хаштаг, Драгана откри и зошто ја избрала Марија да биде нејзин ментор.„Многу сум среќна што Марија Шерифовиќ е моја менторка , затоа што уште од мала ги слушам нејзините песни. Јас сум една од нејзините најголеми фанови, нејзините песни ги обожавам и секогаш сакам да ги пеам.“
За можноста да учи од најдобрата меѓу најдобрите, Драгана вели дека тоа е привилегија.
„Тоа навистина е голема привилегија. Изборот на песни го правиме така што јас пеам повеќе песни, а потоа од сите тие избираме нешто што во тој момент мислиме дека е најдобро. Нејзините совети се од големо значење за мене, а тие се поврзани за интонацијата на песната, емоцијата и енергијата која треба да бидат соодветни на песната што се изведува.“
Македонската јавност најпрво имаше можност да ја запознае на музичкото натпреварување „Неки нови клинци“, каде се натпреваруваше во две сезони. За тоа искуство, Драгана ја поврзуваат само убави спомени.
Настапот на Драгана е на 22 минута