Студентите во „Стив Наумов“ живеат во нечовечки услови: Студентскиот дом пропаѓа (ВИДЕО)
Поплави, влага, протечени цевки, стаорци, гадотии, зарази, инфекции...
Доколку се погледат фотографии од студентските домови ширум светот, секој иден студент кој доаѓа од друг град, би сакал деновите додека е на факултет да ги поминува токму во таква установа. Но, тоа не е случај кај нас.
Секој еден од нас може да слушне за искуствата на нашите студенти кои живеат во студентските денови и лошите услови со кои се соочуваат. Во моментов, во најлоша состојба е студентскиот дом „Стив Наумов“, кој се наоѓа во населбата Автокоманда.
На Инстаграм профилот @studentarijamk се појави видео во кое е прикажано во какви услови живеат студентите и со какви сѐ проблеми се соочувале во изминатиот месец.
„АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА ВО СТУДЕНТСКИОТ ДОМ СТИВ НАУМОВ!
Поплави, влага, протечени цевки, стаорци, гадотии, зарази, инфекции!
Состојбата во Стив не само што не се подобрува, туку пропаѓа!
Постојат ли државни институции кои во видеото препознаваат потреба од итна реакција? Постои ли Државен санитарен и здравствен инспекторат? Постои ли Министерство за образование и наука? Постои ли Државен студентски дом - Скопје под чија надлежност е хороров? Постојат ли европски субјекти во земјава кои ја известуваат ЕУ за положбата на студентите?
Како воопшто е дозволено да се живее во вакви услови?
Итна реакција и санација на проблемите!!!“ - стои во описот на видеото.
фото: Принтскрин / Јутјуб