Судбо моја, судбино: Денес, 7 години по убиството на Тијана, ќе ве расплаче нејзиниот ангелски глас

Судбо моја, судбино: Денес, 7 години по убиството на Тијана, ќе ве расплаче нејзиниот ангелски глас

Објавена во: Живот // Живот

Ноќта помеѓу 25 и 26 јули е убиена Тијана Јуриќ, а нејзиното семејство помина 12 дена во надеж дека е жива.

Нејзиниот татко, Игор Јуриќ токму вчера, во моментот кој се води како момент на исчезнување на неговата ќерка, објави видео од Тијана која пее со својот ангелски глас.

„Судбо моја, судбино... Судбо невернице... Што си судбо, ме однела в земја непозната, сама да живеам, судбино, вечно да тагувам“ - напиша Јуриќ дел од зборовите кои неговата ќерка ги пее, додека присутните ја слушаат со уживање.


За потсетување, веста за тоа Тијана е пронајдена во депонија во населбата Чонопља во општината Сомбор, до најблиските пристигна на 7 август.

Тијана, во петокот вечерта, тој кобен 25 јули, со воз заминала во Бајмок каде живеат баба ѝ и дедо ѝ од страна на мајка ѝ. Кога стигнала во селото ѝ се јавила на мајка ѝ, а потоа заминала на турнир во мал фудбал во Рата. Вечерта ја поминала со своите пријатели.

Околу полноќ си тргнала дома, во друштво на една девојка и едно момче. Среде пат решила д асе врати назад кон Рата, за на еден другар да му го врати дуксерот кој истата вечер му го побарала. Се разделиле кај бифето оддалечено само 200 метри од куќата на баба ѝ.

Враќајќи се сама по истиот пат, Тијана одела по улицата „ЈНА“. На аголот на улицата „Три истарски жртви“ и „Његошева“ ги сретнала другарите половина час по полноќ. На прашањето каде се упатила, одговорила дкеа оди да го врати позајмениот дуксер.

Продолжила по улицата „Три истарски жртви“, ја поминала пругата и тргнала по земјениот пат кон води до спортскиот терен на кој ја чекал другарот чиј дуксер го позајмила. Бидејќи долго не пристигнувала, другарот од теренот, тргнал да ја пресретне.

Меѓутоа, Тијана ја немало, а на земјениот пат, стотина метри понатаму, се наоѓала нејзината бела патика и вештачки нокт.

Потрага за Тијана започнала уште истата вечер околу еден часот по полноќ. Полицијата се вклучила половина час подоцна, а по неа и жандармерија.

Неколку дена подоцна, 29 јули, тогашниот министер на полицијата Небојша Стефановиќ соопштил дека последен пат е детектиран сигнал од мобилниот телефон на Тијана на оддалеченост од два километри од граничниот премин кон Унгарија.

Деновите поминувале без никакви информации за Тијана, а потоа по 13 дена трагање, на 7 август околу 12:30 вечерта, објавено е дека е уапсен нејзиниот киднапер, а дека телото е пронајдено во близина на Сомбор, 23 километри од местото на кое е киднапирана. Девојчето било силувано, а потоа убиено од Драга Џуриќ, месар од Суботица.

За ова злосторство, тој е осуден на 40 години затвор. Како што изјави таткото на Тијана по судењето, на прашањето на судијата зошто го убил девојчето, Џуриќ кажал само „не знам“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: