СУГС „Владо Тасевски“ доби соларна клупа во училишниот двор: Идејата на учениците доби реализација

СУГС „Владо Тасевски“ доби соларна клупа во училишниот двор: Идејата на учениците доби реализација

Објавена во: Совети // School zone

СУГС „Владо Тасевски“ е првото училиште во Македонија чиј училишен двор доби соларна клупа.

За ова се заслужни учениците Теодора Седманова, Марија Христовска, Елена Димитровска, Петар Стојановски и Леонид Атанасовкси, под менторството на професорката Весна Живаљевиќ. Имено, тие на натпреварот организиран од „UP SHIFT“, кој се одржуваше од 8 - 14 јуни оваа година ја презентираа својата идеја „Преку поставување на соларна клупа во училишниот двор ја зголемуваме еколошката свест за сè поголемо користење на обновливите извори на енергија“, на кој освоија и награда.

Натпреварот се одржуваше онлајн, на платформата ЗУМ и за полесна соработка помеѓу членовите на тимот, ја користеа и алатката Miro. Од 46 ученици од различни средни училишта од Скопје, Кочани, Охрид, Струга, Штип, Кавадарди и Прилеп, учениците од СУГС „Владо Тасевски“ беа наградени, како и учениците од „Нико Нестор“ од Струга, „Орде Чопела“ од Прилеп, „Михајло Пупин“ од Скопје, „Гошо Викентиев“ од Кочани.

„Проблемот кој го разгледуваа нашите ученици од СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје се однесуваше на загаденоста на воздухот поради доминантното учество на термоцентралите во производството на електрична енергија и застарената технологија на опремата која што се користи во термоцентралите. Имено, според истражувањето кое го направија учениците базирајќи се на Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика 2019 година, во нашата земја во производството на електрична енергија најмногу учествуваат термоцентралите на јаглен со 50 %, потоа следуваат хидроцентралите со 33 %, комбинираните постројки за производство на електрична и топлинска енергија со 14 % и обновливите извори на енергија со 3%. Секоја година овие термоцентрали согоруваат просечно по 7 милиони тони јаглен.“ - ни посочи професорката Живаљевиќ.


По освојувањето на наградата на овој натпреавар, учениците формираа и своја ученичка компанија „PTT Solar Energy“, отворија своја веб - страница, изработија едукативна брошура, пулт, банер, визит карти, отпечатија маици со еколошки пораки и го договорија поставувањето на соларната клупа која ги има овие карактеристиките: 

# 90 W соларен панел;

# Интернет - пристап;

LED - осветлување;

# USB - полначи за мобилните телефони.

Р.Х.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: