Супер намалување на стилските парчиња во продавниците на Fashion Group!

Супер намалување на стилските парчиња во продавниците на Fashion Group!

Објавена во: Мода // Moj стил

Месец јули знае да биде посебен по многу работи, а дефинитивно една од нив се и сезонските намалувања што со себе секогаш носат толку многу шик парчиња.

Како и секоја летна сезона, така и оваа, Fashion Group и официјално ги стартува деновите на летните попусти во сите ваши омилени брендови. Вистинските обожаватели на брендовите на Fashion Group знаат дека токму ова намалување е она што не се пропушта, уживајќи во единствената прилика да ги набавите сите парчиња во кои секогаш сакавте да инвестирате.

Сезонското намалување овојпат се фокусира на сите клучни трендови за шик лето, но прави и добра подготовка за сите стилски есенски денови кои допрва доаѓаат.

Во неодоливо добрата понуда на брендовите на Fashion Group овојпат се истакнуваат некои од култните парчиња како кул Timberland маички и обувки, шармантни Mango фустани, впечатливи Guess чанти, лежерни Springfield модели, удобни Geox чевли, врвни Superdry дуксери и што уште не.

Токму овие намалувања се вистинско време да ја разгледате вашата гардероба и да ја надополните со сето она што ви недостасува само сега, по неодоливо ниски цени.

Најдобрите парчиња што можете да ги пронајдете на сезонското намалување се вистински класици, нешто во што секогаш вреди да се инвестира и нешто со што никогаш нема да погрешите.

Нешто што не смее да се пропушти е и намалувањето до -50% на колекцијата пролет-лето во продавниците на Bitsiani и Dan John каде секогаш се спремаме за убавите прилики пред нас. Кога сме кај убавите прилики, задолжително погледнете ја и понудата на омилениот бренд на сите стилски момци, Boss, каде овие денови може да си набавите парчиња  на намалување од -35%.

Исклучително добро намалување до -50% на селектирани артикли ќе најдете и во омилениот козметички бренд на дамите, Kiko Milano, за совршено лето полно боја.

Секако, за уште поголемо уживање и шопинг дури и во движење, сите понуди и многу повеќе се достапни и онлајн, па доколку сè уште не сте ги погледнале, паузата од работа е совршен момент за тоа!

ПР објава

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: