Сузана Манчиќ за интимните видеа: Се разболев од стрес

Сузана Манчиќ за интимните видеа: Се разболев од стрес

Објавена во: Живот // Живот

„Никој не ми ни помогна, освен, можеби неколку пријатели и децата“ - откри Сузана во една прилика...

Водителката Сузана Манчиќ пред неколку години се најде во центарот на вниманието, кога нејзините интимни снимки се појавија во јавноста, а како што и самата претходно изјави, тоа бил најтешкиот период во нејзиниот живот.

Првото видео беше со нејзиниот сегашен сопруг Симон Окомокос, банкар од Грција, а второто со нејзиниот поранешен сопруг.

Водителката, која ја започна својата кариера како „лото девојка“, во тоа време истакна дека се разболела од нервоза и целата ситуација. Откако биле објавени нејзините интимни видеа, а од срам им порачала на децата да не кажуваат на никој дека таа им е мајка.

„Никој не ми помогна, освен, можеби, неколку пријатели и децата. Во еден момент им велав на децата: 'Немојте да кажувате на училиште дека сум ви мајка', а мојата Наталија ми рече: 'Јас сум горда што ти си моја мајка.' Ова се некои работи што те воздигнуваат. Никогаш не знаеш што те чека во животот, но мора да бидеш чист барем пред себе. Добив холестерол од голем стрес, но добро поминав, можеше да биде и многу полошо.“ - рече Сузана во една прилика за„ Блиц “.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: