Свеќичките ќе ги дуваше на торта од вишни и шлаг: Уште еден роденден без Тоше
Дури и на најголемите обожаватели на Тоше Проески може да им се случи да пропуштат некои информации од животот на својот идол, а пак за оние помладите да не зборуваме.
Затоа, на денот на неговиот роденден издвојуваме неколку интересни работи за него, кои можеби досега не сте ги сретнале:
# Неговото име „Тодор“ значи „Дар од Бога“.
# Неговото вистинско презиме е Проја, но неговиот дедо го променил презимето во Проески за да биде во духот на македонскиот јазик. Тоше имал намера да го врати своето старо презиме.
# Време на раѓање: 11 часот и 15 минути.
# Хороскопски знак: Водолија.
# Хороскопски подзнак: Бик.
# Омилена боја: жолта.
# Омилено животно: јагуар.
# Омилени актери: Никол Кидман и Расел Кроу.
# Омилен филм: Гладијатор.
# Омилен пејач: Мајкл Болтон.
# Омилен пијалок: мартини и енергетски пијалоци.
# Омилена храна: тестенини, сарма, полнети пиперки, мусака, лигњи...
# Омилено благо: шампити, палачинки со крем и банана, колач од вишни и шлаг...
# Омилен град: по родното Крушево, Париз.
# Прва девојка: Деспина.
# Вистинска љубов: Благица Мицова.
# Последна девојка: Андријана Будимир.
# Прекари: балкански ангел, македонскиот Павароти, балканскиот Елвис Присли...
# Најдрага играчка: Tweety.
# Филм кој го одледал повеќе пати: „Титаник“ и „Петок 13-ти“.
# Своја најдрага песна: „Чија си“.
# Не бил ранобудец и сакал да спие до доцна.
# Омилен период од денот: ноќта.
# Љубовна несреќа: Една девојка на еден негов концерт се пробила низ обезбедувањето и успеала да дојде до Тоше, да го бакне и притоа да му скрши заб.
# Бил алергичен на прав од полен.
# Спорт: тренирал кик - бокс, одбојка и карате.
# Број на дрес: 9.
# Обожавал компјутерски игри. Со пријателите заминувал во кафулето „Underground“ за да играат „Counter strike“.