Свекрвино око: Десерт со смешен назив и вкус на кој нема да може да му одолеете
За сите оние кои сакаат суви смокви...
Состојки:
# 16 лажици вода;
# 300 грама шеќер;
# 250 грама маргарин;
# 300 грама мелени бисквити / плазма;
# 2-3 чоколада;
# 30 половинки ореви;
# мелени ореви за валкање.
Подготовка:
1. На смоквите отсечете им ги врвовите и потопете ги во врела вода додека не омекнат. Во исцедените смокви, вметнете ги половинките ореви.
2. Растопете го шеќерот со водата и оставете да врие 2-3 минути. Додадете го маргаринот, бисквитите и чоколадата, оставете да се олади и од оваа смеса направете топчиња со смоквите во средина. Обликуваните топчиња потопете ги во растопено чоколадо или извалкајте ги во мелени ореви. Оставете ги да се оладат и исечете ги на половина.
фото: Принтскрин / Јутјуб