Светот и Хари ѝ поверуваа, но ја издаваат безброј детали: Ова е најголемата лага на Меган Маркл откако ја знаеме

Светот и Хари ѝ поверуваа, но ја издаваат безброј детали: Ова е најголемата лага на Меган Маркл откако ја знаеме

Објавена во: Живот // Живот

Минатата година во овој период, Меган Маркл и Хари гостуваа кај Опра, на која ѝ ја отворија душата и зборуваа за своите кралски маки, а војвотката од Сасекс во таа прилика го потврди тврдењето за кое одамна е познато дака е невистинито.

Повеќе од две години по повлеквуањето на принцот Хари и Меган Маркл од функцијата членови на британското кралско семејство, кои тамошните медиуми ги нарекоа Мегзит и одлуката да се преселат во Америка, страстите почнаа да спласнуваат. Планетата и понатаму се интересира што прават, како се облекуваат и низ што поминуваат Меган и хари, но тие денес живеат нешто помирен и поспокоен живот откако порано и до таблоидите не може лесно да стигнат пикантерии како на почетокот на овој скандал.

Сепак, јавноста не може да ѝ ги прости лагите на двојката, а тука е и онаа која одамна беше познато дека нема врска вистината.

Меган неколку пати спомена, а потоа многу јасно нагласи во интервјуто кое Хари и таа го дадоа на опра дека не знаела многу за британското кралско семејство, бидејќи израснала во Америка. Таа објасни дека не знаела премногу детали за семејството и дека никој не пребарувала на Интернет за принцот Хари. И во интервјуто кое двојката го даде по повод веридбата во 2018 година, таа истакна дека не знаела многу за својот сакан кога го запознала и дека ја итнересирано само дали е фин.

Меѓутоа, судејќи по сѐ, тоа не е вистина.

Недолго по венчавката на Меган и Хари, најдобрата другарка на поранешната актерка, девојка по име Нинаки Приди, која ѝ беше деверуша на венчавката со Тревор Енгелсон, раскажа дека таа знаела многу повеќе отколку што тврди.

Наводно, некогашната актерка и денешна војвотка од Сасекс била прилично свесна за тоа кој е принцот Хари и колку кралското семејство е важно во Велика Британија. Приди тврдеше дека Меган била опседната со нив!

„Не сум шокирана. Како ова да го планираше цел живот. Таа доби сѐ што посака и Хари падна на нејзината глума“ - кажа Приди за „Express“ откако беше објавено дека Меган се омажила за Хари.

Приди, инаку се наоѓа на познатата фотографија на Меган од нејзините тинејџерски денови, кога двете другаркипозирале пред Бакингемската палата за време на престојот во Лондон, без никакви претстава дека воопшто Меган еден ден ќе стане дел од кралското семејство.

„Таа сака да биде новата принцеза Дајана. Кралското семејство ја фасцинираше. Имаше една од книгите за принцезата Дајана на полиците, дури и кога беше омажена за Тревор ми кажа дека сака да оди во Лондон на еден месец... Не сум шокирана, ниту изненадена што слушам за неа и принцот Хари. Го сакаше филмот „Дневникот на прицезата“, за обичната девојка која станува дел од кралското семејството. Многу ѝ се допадна таа идеја.“ - кажа тогаш Нинаки Приди.

фото: Принтскрин

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: