Светот има помалку милијардери во 2020 година, но Џеф Безос и понатаму е најбогат
Се верува дека пандемијата на коронавирус на природата и даде простор да се обнови, но тоа влијаеше и на светските милијардери - ги има помалку.
Денес има 2.095 милијардери, помалку од 2.153 во 2019 година, според списокот на милијардери на Форбс за 2020 година објавен минатата недела. Исто така во просек, тие се малку „посиромашни“, со заедничка нето вредност од 8 трилиони долари - помалку од 8,7 трилиони долари минатата година.
Рекордни 1.062 милијардери забележаа дека нивното богатство опаѓа, „како одраз на нестабилните пазари и панемијата на коронавирусите“, пишува Форбс. Форбс истакна дека во САД сè уште има најмногу милијардери - 614, а потоа следуваат оние од Кина (која ги вклучува Макао и Хонг Конг) со 456.
Со или без глобална пандемија, Џеф Безос останува најбогатата личност во светот. Извршниот директор на Амазон вреди 113 милијарди долари, и е по трет пат на врвот на листата - дури и откако Безос неодамна ѝ плати 38 милијарди долари на неговата поранешна сопруга Меккензи Безос, како дел од нивниот развод.
Комплетната листа на светски милијардери во 2020 година можете да ја видите на овој линк.