Светот плачеше додека ја гледаше како танцува: Девојчето од спотовите на Сиа порасна и заработува повеќе од големите ѕвезди
Австралиската пејачка Сиа пред неколку години одлучи да престане да се појавува во своите спотови, а местото на главна ѕвезда во најголемиот број случаи го зема една млада девојка со неверојатен талент.
Речиси е невозможно да ги слушате „Chandalier“, „Electric Heart“, „Big Girls Cry“ и „The Greatest“, најголемите хитови на австралиската музичка суперѕвезда Сиа, а да не го замислите девојчето во беж трико со перика каква што носи Сиа на настапите како танцува, глуми, доминира во просторот, прави гримаси, се смее, плаче, хипнотизира...
Малата Меди Зиглер, која Сиа ја одбра да биде заштитно лице на некои од нејзините најголеми хитови, првпат се појави во спотот на песната „Chandalier“, која пејачката ја издаде во 2014 година. Од тогаш поминаа седум години, а Меди порасна и се здоби со светска популарност.
Кога ја запознавме, имаше 11 години, па фактот дека се има многу променето не може да не изненади. Овие денови нејзините најнови фотографии го заобиколија светот и го повторија она што веќе го знаевме: во прашање е девојка со неверојатна природна убавина.
Зиглер на јавноста во Америка ѝ стана позната уште во 2011 година, кога имаше само 9 години и кога учествуваше во реалното шоу „Dance Moms“. Таа веднаш се истакна како дете со огромен талент, па уште тогаш заработуваше околу 2.000 долари за една епизода и наводно за време на шесте сезони на ова шоу заработила 400.000 долари. Како што пишува американскиот „Cosmopolitan“, Меди, откако ја добила својата популарност по спотовите на Сиа, соработувала со најпрестижните светски брендови како „Марк Џејкобс“, „Поп - Тартс“ и многу други и има голема база на обожаватели и следбеници на Инстаграм, па често промовира разни производи.
Покрај тоа, младата танчарка има напишано и триологија за танчарка која со семејството се сели на Флорида, како и свои мемоари, „Дневниците на Меди“, кои се прогласени за бестселери на „Њујорк тајмс“.
Доколку ова не ви е доволно, ќе споменеме дека Зиглер успеа да дизајнира и облека која се продава на една онлајн патформа, но и спортска облека за брендот на актерката Кејт Хадсон, „Kate Hudson Fabletic“.
Се појави и во неколку филмови и серии, вклучувајќи го и популарниот хит „Pretty Little Liars“, а наводно досега собрала околу пет милиони долари за нејзината работа на сите полиња. Исто така, пејачката Сиа неодамна се обиде и во светот на филмот, го решираше филмот „Music“, за кој го има напишано и сценариото, а нејзина главна ѕвезда повторно е нејзината пријателка Меди Зиглер. Покрај неа, играат и Кејт Хадсон и Лесли Одом Јуниор. Филмот го следеа контроверзии, бидејќи Меди глуми аутистична девојка, а многу личности кои живеат со оваа состојба и нивните семејства сметаат дека Сиа не знае доволно за оваа тема за да се занимава со неа и истакнуваат дека улогата на Меди требало да ја игра девојка со аутизам.
Потоа глумеше во филмот „The Fallout“, кој помина одлично и кај публиката и кај филмските критичари, а наскоро ќе ја гледаме во новата адаптација на мјузиклот „West Side Story“.
Најинтересно е тоа што Меди има само 18 години и што од неа најверојатно допрва ќе може да очекуваме позначајни успеси.