Светски познати ѕвезди кои во 2022 година имаа среќа во љубовта: 8 најкул двојки кои минатата година започнаа врска (ФОТО)
Купидон ги погоди со својата стрела...
Некои започнаа врска и раскинаа во меѓувреме, а другите и понатаму уживаат во својата љубов.
Актерите, пејачите и инфлуенсерите често се под лупа на јавноста. Многу од нив се обидуваат да го сокријат својот приватен живот, но ретко на кои им успева. Обожавателите и следбениците секогаш сфаќаат кога во животот им се случува нешто ново, а особено кога ќе им се случи нешто ново во љубовта. Разделбите од старите и наоѓањето на нови љубови никогаш не поминуваат незабележано, бидејќи тоа се оние најсочните занимливости.
Оваа година добивме многу нови парови во светот на познатите, а ова се некои од оние кои започнаа врска во 2022 годин:
# Дуа Липа и Џек Харлоу
Овие двајца само што ја започнаа врската и почнаа да се запознаваат подобро, но засега изгледа дека добро им оди. Оваа двојка е особено интересна, бидејќи Џек уште порано, пред да ја запознае Дуа Липа, во една од своите песни, отворено кажа дека сака нешто повеќе со неа. Изгледа дека таа желба сега му се исполни.
# Били Ајлиш и Џеси Рутерфорд
Разлика од 11 години? Нема врска. Сите зборуваат за голема разлика во годините помеѓу Били и Џеси, но изгледа дека истата на нив не им пречи. Били има 20, а Џеси 31 година, за што нема сомнеж дека е поголема разлика во прашање, но ако тие се согласуваат и им е убаво, зошто би му пречело на некој друг?
# Чарли Д'Амелио и Лендон Баркер
Тие се двојка која е одобрена и од фановите и од семејството. Лендон е син на Тревис Баркер, сопругот на Кортни Кардашијан. Семејството Д'Амелио овој Божиќ се дружише со Кардашијанови и Баркери на нивната гламурозна забава. Изгледа дека врската поприлично е сериозна кога дошле до степен на запознавање на семејствата и меѓусебно дружење.
# Камила Кабелјо и Остин Кевич
По разделбата со Шон изгледаше навистина тажно и повредено, затоа ни е драго што оваа година ѝ донесе среќа во љубовта. Папараците ги уловија неа и Остин, па така ги разоткрија пред светот. Колку е сериозна оваа врска, двојката уште нема откриено.
# Мајли Сајрус и Макс Морандо
Ги спои заедничкиот интерес кон музиката и заедничките пријатели. Мајли и Макс си кликнале на прва и така почнал да се развива нивниот однос. Врската засега им е без никаква драма и изгледа дека уживаат, држејќи ја далеку од очите на јавноста.
# Остин Батлер и Каја Гербер
Актерот кој оваа година се прослави со улогата на Елвис во истоимениот филм, освен што има среќа во кариерата, има среќа и во љубовта. Порано оваа година започна врска со Каја, а официјално како двојка се појавија и на црвениот килим.
фото: Принтскрин / Инстаграм