Светските експерти сè уште водат полемики, а Анастасија Ражнатовиќ открива: Ова е водечкиот тренд за претстојното лето
Хит бојата за ова лето, доколку судиме по „street style“ фотографиите, но и модните избори на светските и балканските ѕвезди дефинитивно е светло зелената. Енергична, полна со живот и отворена, оваа боја претставува вистински летен чекор надвор од зоната на удобноста.
Откако трендовите беа претставени на еден поинаков начин оваа година, виртуелниот „Fashion Week“ испрати порака дека ова лето во своите плакари ќе може да пуштиме повеќе бои. Па сепак, за водечката боја на сезоната, меѓу модните експерти имаше различни ставови.
Сè се врти околу зелената боја, што е несомнено водечка боја за претстојното лето, но многу модни критичари се двоумат дали хит боја за оваа сезона ќе биде светло зелената или лимета. И додека светските експерти немаат одговор на ова прашање, Анастасија Ражнатовиќ испрати јасна порака.
Имено, откако се врати од Мексико, Анастасија со својот темен тен и темна коса докажа дека енергичната, зелена боја совршено одговара и на дамите со темна кожа и дека дефитивно ќе биде вистинскиот избор за секоја девојка, која ќе сака да носи облека надвор од онаа „basic“ палета на бои и да зачери во летен колорит.