Sвездите Роузи Лесли и Кит Харингтон од серијата „Игра на тронови“ очекуваат бебе

Sвездите Роузи Лесли и Кит Харингтон од серијата „Игра на тронови“ очекуваат бебе

Објавена во: Stars // Филм

Ова ќе биде нивното прво заедничко дете

Ѕвездите од најгледаната серија на HBO „Игра на Тронови“, Роузи Лесли и нејзиниот сопруг, продуцент и актер Кит Харингтон, потврдија дека очекуваат бебе.

Двојката се запознаа за време на снимањето на серијата „Игра на тронови“, како Џон Сноу и Игрит, а неодамна ја одбележаа и втората годишнина од нивниот брак. Ова ќе биде нивното прво заедничко дете, потврди актерката за списанието „Маке“.


Актерката позираше на црно-бела фотографија со поголем труднички стомак, а во едно интервју откри дека таа и Харингтон сè уште го поминуваат времето во карантин.
Двојката се сврши во 2017 година, а потоа се венчаше во Шкотска, во јуни 2018 година. Тие се сметаат за еден од најшармантните британски парови и се многу блиску до нивната приватност, па затоа не е вообичаено папараците да ги „фатат на дело“ заедно.

Фото: Profimedia

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: