Таа е мојот пример: Грета се сретна со најмладата добитничка на Нобелова награда

Таа е мојот пример: Грета се сретна со најмладата добитничка на Нобелова награда

Објавена во: Совети // School zone

Активистката Грета Тунберг и добитничката на Нобелова награда за мир Малала Јусафзаисе сретнаа вчера на универзитетот Оксфорд во Велика Британија за да разговараат за својот активизам и за на студентите да им пренесат важни пораки.

Грета кажа дека Малала е нејзин голем пример.

„Денес се запознав со мојот идол. Што друго можам да кажам?“ - напиша Грета на Твитер.


За потсетување, Малала Јусафзаисе е 22 - годишна Пакистанка, а воедно и најмлада добитничка на Нобеловата награда за мир, која ја доби во 2014 година.

Пакистанската тинејџерка е едукативен активист кој го преживеа нападот на Талибанците. Стана милионерка за помалку од 4 години поради големата продажба на книгите за нејзиниот живот, но и од говорничките настапи ширум светот.

Стана позната по фаталниот обид за напад на училишен автобус во Пакистан во 2012 година кој го преживеа, продолжувајќи да се бори за правата на девојките.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: