Таа е најплатената млада актерка на светот: Ги собори сите рекорди и влезе во историјата

Таа е најплатената млада актерка на светот: Ги собори сите рекорди и влезе во историјата

Објавена во: Stars // Филм

Има одлична улога во уште еден филм за кој се очекува второ продолжение...

Сите веќе добро знаат за успешната, млада и есктра популарна актерка Мили Боби Браун. Својата најголема популарност ја доби во серијата „Stranger Things“, но тоа не е улогата која ѝ донесе најмногу приходи.

Иако е најпозната по ликот на Илевен од серијата „Stranger Things“, се смета дека Мили Боби Браун би можела да влезе во историјата, бидејќи добива најголема плата за еден друг филм кој допрва треба да излезе. Во прашање е второто продолжение на серијалот „Enola Holmes“, каде ја има главната улога на сестрата тинејџерка на познатиот детектив Шерлок Холмс, која отпатува во Лондон да ја пронајде својата исчезната мајка. Првото продолжение на овој филм излезе во 2020 година на Нетфликс, а тогаш воедно беше и еден од најгледаните филмови.


Сега се најавува и второ продолжение, а според она што го пишува „Variety“, Мили ќе влезе во историјата поради платата од дури 10 милиони долари, која ќе добие за улогата на Енола во новото, второ продолжение на овој филм. 

Мили има само 18 години, а зад себе веќе има кариера на која би ѝ подзавиделе многу постари актери. Токму поради тоа е заслужено што токму таа ќе влезе во историјата со најголема плата за актерка помлада од 20 години. Иако на многумина им е најдрага од „Stranger Things“, обожавателите со нетрпение го очекуваат и второто продолжение на „Enole Holmes“, бидејќи во првото, каде што имаше само 16 години, ги воодушеви сите.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: