Таа е принцеза и го заслужува само најдоброто: Бен Афлек ја израдува Џеј Ло со најбизарниот подарок во светот на познатите

Таа е принцеза и го заслужува само најдоброто: Бен Афлек ја израдува Џеј Ло со најбизарниот подарок во светот на познатите

Објавена во: Живот // Живот

Додека двојката ужива во љубовта по  многу години откако првпат беа заедно, не можеме да не се потсетиме на гестот од почетокот на 2000-тите кој Бен Афлек го сметаше за романтичен, а поголемиот дел од планетата, во најмала рака, за необичен...

Една од најверојатно најпопуларните двојки во историјата на шоу-бизнисот ја сочинуваат Бен Афлек и Џенифер Лопез, чија врска го одбележа почетокот на 21 век во забавната индустрија. И додека денес светот повторно ја гледа нивната романса, често се присетуваме како сето тоа изгледаше во периодот од 2002 до 2004 година, кога главните вести за познатите секојдневно беа токму за нив.

Двојката не се одвојување, заедно снимија два филма, Бен се појави во нејзиниот спот за „Jenny From the Block“, папараците ги следеа деноноќно, изгледаа заљубено до уши, а беа и први ѕвезди кои во медиумите добија заеднички прекар - Бенифер.

Тие двајца уживаа во моментите кои ги поминуваа заедно, се смееја, се трудеа да си го разубават денот еден на друг, но изгледа дека Бек сепак ја однесе победата кога станува збор за подароците. Имено, актерот во една прилика ја изненади Џеј Ло со даска за ВЦ школка, прекриена со драгоцени камени.

„Џенифер е моја принцеза и го заслужува само најдоброто, дури и кога станува збор за тоалетот“ - наводно кажал Афлек во една прилика, додека американските медуми тие денови пишуваа „За најдобриот задник во светот само најдоброто“.

Затоа тој ја израдува со даска за која издвои околу 105.000 долари и која ја красеа рубини, сафири, бисери и еден дијамант. Наводно ја дизајнирал самиот Бен, а не е познато што се случило со неа кога одеднаш ставија крај на љубовта и ја раскинаа веридбата ов 2004 година. Бидејќи по нивното повторно обновување на љубовта, дознавме дека Бен за целото време го чувал часовникот кој му го подарила Џенифер, не би не изненадило и споменатата даска да е сѐ уште во употреба.

фото: Profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: