Таа е живот во животот: Весна Петрушевска со емотивна порака за роденденот на Мина
Денес Мина, ќерката на актерката Весна Петрушевска наполни 16 години. По тој повод, гордата мајка сподели фотографија од својата наследничка и покрај неа напиша емотивна порака.
„Мина денес полни 16 години, таа е најубавото нешто што ми се случило во животот, мојот најголем херој, борец и бескрајно топол човек. Неверојатно колку има насмевка на сите премрежја што ги минува. Таа е љубов и суштина. Таа е копнеж и светлина. Таа е небото по кое јас стапнувам. Таа е живот во животот. Мина среќен маме, ти си ангел“ - стоеше во објавата, преку која актерката ѝ го честиташе роденденот.
Ова не е првпат, Весна да споделува емотивни текстови посветени на нејзините деца. Претходно во текот на летото, Весна сподели емотивна објава за нејзиниот син Кирил, кој се пресели во Америка кај татко му. Тогаш актерката откри дека Кирил, четвртата година од гимназијата ќе ја заврши таму, како и дека таму ќе ги продолжи студиите.