Таа има 9 години и моден детаљ кој ги разбесни родителите: Ким Кардашијан модно усогласена со ќерката на ревија (ФОТО)
Ким Кардашијан на Модната недела во Париз се најде во улога на модел, а сега се прошета и со својата ќерка Норт Вест, меѓутоа нивниот изглед покрена вистинска лавина од коментари.
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е една од главните теми на Модната недела во Париз, па така нејзината улога на модел беше проследена од страна на сите медиуми, а сега Ким реши да покаже што уште може.
Ким на ревијата пристигна во придружба на својата 9-годишна ќерка, а сите погледи веднаш беа насочени кон нив. Тоа беше така поради усогласените модни комбинации кои ги имаа на себе мајката и ќерката, но и поради спорните детали кои започнаа расправа.
Ким носеше долг фустан на линии со прилично отворен горен дел, додека нејзината ќерка имаше слична комбинација, сам ошто носеше кошула, па сѐ изгледаше како училишна униформа, меѓутоа и тоа не беше проблем.
Во очи на сите им падна пирсот кој го имаше Ким на носот, а идентичен доби и Норт Вест. Пирсот имаше и ланче кое беше закачен на ланчето околу врат, па сѐ изгледаше премногу за едно девојче, а тоа го пишуваше и во многу од коментарите.
Овој пат, мама Ким изгледа претера во усогласувањето на модната комбинација, па се поставува прашањето колку Норт Вест се чувствувала пријатно во сето тоа, а вие сами проценете дали ви се допаѓа ваков изглед на девојче на нејзини години.
фото: Принтскрин / Инстаграм